Тајванската компанија „Matrix Precision“ е основана во 1994 година. Таа развива истражувачка и развојна активност во областа на машинската обработка на запчаници. Фирмата успева да ги прошири можностите на алатните технологии за сечење на лабораториите на Тајванскиот истражувачки институт ITRI, при што во своите активности користи развоен ресурс од најдобрите универзитети. „Matrix изгради технолошки линии за производство на машини за сечење и глодање на запчаници, кои успешно ги продава на европскиот, американскиот и азискиот пазар. Портфолиото од машини на Matrix вклучува глодалки за длабочинско глодање на запчаници, вретенести глодала и машини за острење на алати за сечење, со што се стекна со репутацијата на докажан производител во оваа сфера“, коментираа за BalkanEngineer.com од докажаната трговска компанија Лазатек.

ZHS-3040 комбинира во себе CNC на FANUC и компјутер, користејќи линеарни мотори и мотори со директен погон. Таа е високопрецизна глодалка со управување по шест оски и поместување по четири оски. „ZHS-3040 може да ги изострува сечилата на прави и спирални вретенести глодала, а исто така опционално е можно да се изострува и тркалата за сечење на запчаници и секачите за заби на запчаници со технологијата Power Skiving“, информираа од Лазатек. Разработениот од Matrix Precision дијалошки софтвер го поддржува целиот процес на обработка. Машината автоматски генерира CNC програма со внесување на параметри и штелување на условите за глодање во дијалогов режим, со што значително се зголемува ефикасноста на работата. „Софтверот за дијалогов режим кој е сопствена разработка на компанијата, е исклучително лесен за користење. Тој се одликува со висока точност и ефикасност“, додадоа уште од Лазатек.
Технички карактеристики на ZHS-3040
- Минимален/максимален надворешен дијаметар: 20 mm/230 mm;
- Максимална должина: 300 мм;
- Максимална длабочина на глодање: 35 mm;
- Број на канали: од 1 до 99;
- Агол на подигнување на навојната линија : ± 40°.

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com

Извор на фотографии: Лазатек, Matrix, ©Engineer BG via Canva.com