In Bulgarian
Во свет каде корпоративната одговорност станува сè поважна, AББ – глобален лидер во електрификацијата, индустриската автоматизација, роботиката и високите технологии – дава забележлив пример со својата посветеност на социјалните иницијативи. Каузата за одржливост, која компанијата ја прифаќа како лична, се протега многу подалеку од обезбедувањето на иновативни технолошки решенија. Таа вклучува силна посветеност да се има позитивно влијание врз општеството и животната средина, што најчесто се изразува во добриот пример што го даваат специјалистите на АББ. Во месец септември годинава филијалите на АББ се вклучија во голем број социјални акции, докажувајќи повторно дека крајно сериозно ја сфаќаат својата одговорност како корпоративен граѓанин. Повеќе за иницијативите со различен фокус споделија специјалистите од компанијата.
За тимот на АББ почетокот на првиот есенски месец започна со благородна иницијатива со долгорочна цел на која можат да и се приклучат сите локални жители, а имено поставување на постојан контејнер за собирање на текстил од домаќинство како дел од кампањата на Бугарскиот Црвен крст. „Контејнерот е прв од ваков вид во индустриската зона Стрјама и ќе биде достапен како за вработени во нашата компанија и во индустриската зона, тако и за секој во реонот што сака да обезбеди текстил за домаќинство за рециклирање и преработка. Горди сме што нашите вработени ја прифаќаат при срце секоја зелена иницијатива и придонесуваат за добрите каузи, при што се надеваме дека ќе мотивираме сè повеќе луѓе да го следат овој пристап!“, споделија од АББ.
Набргу потоа од друштвото не заборавија да го прослават првиот училиштен ден, кој е повод за прослава како за млади, така и за стари. „Како претставници на компанија која отсекогаш ставала сериозен акцент на образованието и неговото значење за развојот на следната генерација, се постаравме да ги израдуваме најмладите членови на нашето големо семејство - децата на нашите колеги. По повод почетокот на нивната авантура на патот на просветителството, ги израдувавме сите првачиња со специјални комплети за прво одделение и серија од книги. „Книгата е прозорец кон светот“, затоа го избравме овој начин да им посакаме успешна прва година, исполнета со многу нови знаења, достигнувања и пријателства“, споделија специјалистите на компанијата.
„АББ е компанија која силно ја поддржува идејата за почиста и зелена животна средина, што е и наш поттикнувач да бидеме активни во зелените иницијативи. Исклучително сме среќни што нашите колеги постојано ги демонстрираат вредностите на кои се заснова нашата култура“, коментираа од тимот на компанијата. „Со заеднички сили и насмевки успеавме да ја поддржиме кампањата во различни градови, верувајќи дека придонесовме парковите и зелените површини да бидат попријатни за сите нас!“, додадоа уште тие.
Доколку сакате да дознаете повеќе за AББ и за можности за професионална реализација, што ги нуди компанијата, не пропуштајте да ја следите нејзината микространица ТУКА!
|
Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија
Телефон: +359 2 807 5500
Е-mail: office@bg.abb.com
Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: АББ