Србија започнува со реформи во енергетскиот сектор со кои има за цел да привлече инвестиции во земјата

2023-04-072 мин.

In Albanian  In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Минатата недела заврши овогодинешното издание на бизнис форумот Копаоник во Србија, за време на којшто беше најавено започнување на голем број на промени во енергетскиот сектор во земјата, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Годинава ќе се донесе закон за управување со државните претпријатија и во неговото изготвување е вклучен и Меѓународниот монетарен фонд, а првиот чекор од измените е државниот производител на електрична енергија Електропривреда Србија (ЕПС) да се трансформира во акционерско друштво.

 

 

Според зборовите на Мирослав Томашевиќ, директор на ЕПС, претпријатието има позитивни финансиски резултати од последниот квартал на 2022 година, при што  е донесен инвестициски план според кој ќе се зголеми производството на енергија.

 

Истовремено, еден од приоритетите на српската влада е нова енергетска политика и активна „зелена“ транзиција, неопходна за привлекување на инвестиции во земјата. Проектот за измени на Законот за користење на обновливи извори на енергија ќе го донесе Народното собрание во наредните недели, при што се очекува да се одржи тендер за објекти за енергија од ветер со 400 MW комбинирана моќност.

 

Извор на фотографии: canva.com