In Romanian In Albanian In Bulgarian In Serbian In English
Романската компанија за хемиски производи Chimcomplex успешно заврши проект вреден 2,4 милиони евра, насочен кон имплементација на иновативна технологија за производство на еколошки полиоли, дозна BalkanEngineer.com од Romanian-insider.com. Активностите се реализирани во базата на компанијата во Румнику Валча и официјално беа завршени на 30 април годинава.
Главната цел на проектот е да ги подобри производствените процеси на Chimcomplex за да бидат поеколошки и во согласност со принципите на циркуларната економија.
Инвестицијата доаѓа откако Chimcomplex отвори една од најмодерните европски фабрики за полиоли во 2022 година во вредност од 40 милиони евра, а на овој начин го зголеми својот производствен капацитет на над 187.000 тони годишно. Новата производствена линија, фокусирана на производство на специјални еколошки полиоли, дополнително ќе го зголеми овој капацитет за уште 17.000 тони годишно.
Се очекува воведувањето на овие нови специјални полиоли да има значително влијание врз животната средина, при што компанијата предвидува да ги намали своите емисии на CO2 со до 3.400 тони секоја година.
Проектот е кофинансиран од програма „Бизнис развој, иновации и мали и средни претпријатија“, а оператор е норвешката компанија Innovation Norway.
Извор фото-материјала: Romanian-insider.com