In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Во јули оваа година, данскиот развивач и оператор на ветерни, соларни и хибридни проекти Eurowind Energy започна со изградба на ветерен парк Pecineaga со моќност од 48 MW во Романија, кој треба да почне да работи во првиот квартал на 2025 година. Тоа го дозна BalkanEngieer. com од Romaniajournal.com. Инвестицијата е вредна 79 милиони евра.
Во јули 2023 година, Eurowind Energy започна со работа на изградба на инфраструктурата и објектите на ветерниот парк Pecineaga. Ветерните турбини што ќе се инсталираат подоцна ќе бидат најголемите досега во Романија и ќе бидат испорачани од Siemens Gamesa Renewable Energy.
Планирано е паркот да профункционира во првиот квартал на 2025 година, генерирајќи 176.000 MWh/годишно, со капацитет да снабдува до 48.000 домаќинства годишно. Штом ќе заврши изградбата, Eurowind Energy ќе ја задржи сопственоста на ветерниот парк.
Ветерниот парк Pecineaga ќе ја заврши серијата проекти за обновлива енергија развиена од Eurowind Energy во Романија, вклучително фотонапонските паркови во Halchiu, Магуреле (Măgurele) (и двата изградени во 2013 година) и Пуфешти (Pufești) (изграден во 2012 година). Дополнително, во октомври оваа година, компанијата ќе започне со изградба на агроволтаичен парк во Тејуш (Teiuș), развиен на парцела од 80 хектари, кој ќе почне да функционира во 2024 година.
Извор на фотографии: canva.com