In English In Albanian In Bulgarian In Serbian In Romanian
Alstom, светски лидер во паметната и одржлива мобилност, отвори Alstom Grivita Depot во Букурешт, Романија, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на компанијата. Објектот е прв од ваков вид во земјата и е наменет специјално за одржување и тестирање на електрични возови и локомотиви. Отворањето на депото се совпаѓа со прославата на 30-годишнината од активноста на Alstom во Романија.
Депото Grivita сега веќе работи, при што првиот електричен воз (EMU) од нарачкани 37 возови за Управата за железничка реформа (ARF) моментално минува низ серија строги тестови. Тие се од суштинско значење за добивање на пазарен сертификат и гаранција дека возот ги исполнува строгите европски и национални стандарди.
Габриел Станчиу, управен директор на Alstom за Романија, Бугарија и Молдавија, ја истакна важноста на депото, кое ја потврдува посветеноста на меѓународната компанија на романскиот пазар, но исто така поставува репер во напорите на Alstom да одржува модерни и ефикасни системи за железнички транспорт. Роберто Сачионе, управен директор на Alstom Services за истиот регион, додаде дека депото поседува најсовремена технологија, вклучително и дигитална контролна сала за управување со возниот парк. Според зборовите на Сачионе, ова е првото модерно депо изградено во Романија во последните три децении, опремено да одговара или дури да ги надмине најдобрите објекти во светот.
Grivita Depot ќе отвори приближно 50 нови работни места, при што новите вработени ќе добијат специјализирана обука за да се справуваат со поголемите оперативни барања на објектот. Оваа иницијатива е дел од пошироката инвестиција на Alstom во Романија, каде што компанијата веќе вработува повеќе од 1.500 луѓе и игра клучна улога во големи инфраструктурни проекти, вклучително и разработувањето на метро системи и имплементација на решенија за градска сигнализација.
Извор фото-материјала: alstom.com