In Albanian In Bulgarian In Serbian
Syscompact 4000 на Baur е комплетен систем за лоцирање на кабелски дефекти сместен во метално куќиште. Компактен и мултифункционален систем кој обезбедува прецизно и сигурно лоцирање на местото на секаков кабелски дефект со помош на високо ефикасен генератор на импулсен напон. „Syscompact 4000 се користи за претходно лоцирање и точно одредување на кабелски дефекти со висок и низок напон, како и непостојани дефекти кај среднонапонски и нисконапонски кабли со помош на импулсен рефлектометар IRG4000“, соопштија од фирма РС Електро, партнер на Baur за балканските земји.
Лесната експлоатација и користењето на најновите методи за лоцирање во комбинација со ефикасни уреди овозможуваат брзо и сигурно пронаоѓање на местото на дефектот. Благодарение на новиот концепт на управување и интегрираните методи за лоцирање, одредувањето на местото на дефектот со Syscompact 4000 е побрзо и лесно.
Моќниот индустриски компјутер и подобрените мерни параметри овозможуваат прецизно лоцирање на дефекти кај сите видови на кабли. Системот може да биде опремен со различни генератори на импулсен напон SSG 1100, SSG 1500* или SSG 2100*. Генераторите на импулсен напон поддржуваат автоматски режим на импулсен напон и овозможуваат користењето на Syscompact 4000 за прецизно акустично насочување.
Функции поддржани од Syscompact 4000:
- Мерење на отпор на изолација до 1000 V;
- TDR: метод на импулсна рефлектометрија;
- Визуелизација на кривите на обвивката за периодични грешки – системот следи и запишува дури и мали промени во импедансата;
- SIM/MIM: метод на секундарен/повеќекратен импулс со импулсен напон и постојан напон. 20 рефлектометриски мерења на еден високонапонски пулс;
- ICM: метод на импулсна струја со импулсен напон или во режим на постојан напон;
- Surge mode за акустичен метод на лоцирање;
- Тестирање со постојан напон;
- Тестирање на кабелската обвивка.
Карактеристики на системот Syscompact 4000:
- Интуитивен кориснички интерфејс на повеќе јазици прилагоден на работниот процес;
- Интегрирани докажани методи за претходно лоцирање на кабелски дефекти;
- Автоматско препознавање на крајот на кабелот и местото на дефектот;
- Динамичко засилување на влезниот сигнал;
- Автоматско зачувување на сите мерни податоци;
- Складирање на повеќе од 100.000 мерења во меморијата на рефлектометарот;
- Интерфејс кон GIS бази на податоци*;
- Модуларен систем со можност за лесно проширување наменет за тестирање и дијагностика на кабли.
Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41
Извор на фотографии: РС Електро, Baur