In Bulgarian In Serbian In Albanian
Сигурна функционална електрична мрежа без прекин на напојувањето е од витално значење за сите сфери на јавниот живот. Baur е компанија која се докажа на меѓународниот пазар како производител и добавувач на висококвалитетна опрема за контрола и мерење базирана на различни методи за откривање на кабелски оштетувања. Со нејизина помош, корисниците можат брзо и прецизно да го одредат оштетувањето на кабелските траси.
„Неисправното функционирање на подземните кабли не е само причина за делумно или целосно прекинување на напојувањето со струја. Ако дефектот не се лоцира брзо и точно, тоа може да доведе до високи трошоци за поправка и обнова на мрежата. Само брзото и точно одредување на локацијата на дефектот на кабелот би овозможило да се намалат овие трошоци и да се минимизира времето на застој“, коментираа од добро етаблираната компанија РС Електро, партнер на Baur за балканските земји.
Генераторите на ударен напон SSG 1100-3000 на Baur се наменети за точна локација на дефекти со висок, низок и променлив отпор кај кабли со висок, среден и низок напон. „Излезниот напон постепено се штелува во дијапазоните 0 – 8 kV, 0 – 16 kV и 0 – 32 kV. Празнењето на високонапонските кондензатори во оштетениот кабел може да се управува континуирано или циклично. Кога уредот се исклучи, поврзувачките кабли и вградените ударни кондензатори се испразнуваат одделно еден од друг“, додадоа уште од РC Електро.
Специфики на генераторите со ударен напон SSG 1100-3000:
- Високонапонски ударен напон до 32 kV;
- Постепено прилагодување на напонот;
- Киловолтметар со директно отчитување од 3 опсези;
- Висока ударна енергија на секој од опсезите;
- Автоматско празнење;
- Електромагнетно управуван ударен контакт со волфрамови електроди отпорни на топлина;
- Контрола на безбедноста во согласност со барањата на VDE 0104;
- Излезен приклучок за опционален надворешен уред за итно исклучување со светлосна сигнализација;
- 4 работни програми што може да се изберат: единичен импулс, импулси со ниска фреквенција, импулси со висока фреквенција, DC излез;
- Термички активирана заштита при преоптоварување;
- Контролен излез за поврзување на соодветен уред SA 32 (SIM).
Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41
Извор на фотографии: РС Електро, Baur, canva.com