In Bulgarian In Albanian In Serbian
Комбинирањето на жични и безжични решенијата за аларм обезбедува многу дополнителни предности за корисниците бидејќи ги проширува функциите и примената на сигнално - безбедносните системи. Хибридните системи се оптимален избор при неопходност од надополнување и проширување на безбедноста во згради со веќе изградена и работна жична инсталација. Хибридниот алармен систем Eclipse на Телетек Електроникс ја комбинира флексибилноста на жичната инсталација со едноставноста на безжичните периферни уреди од серијата PAX, што резултира со формирање на целосно и флексибилно хибридно решение, применливо како во структурите на малите бизниси, така и во големите трговски објекти, соопштија за BalkanEngineer.com од водечката производствена компанија Телетек Електроникс.
Бројот на зоните варира помеѓу 8 и 99 во зависност од спецификите и конфигурацијата на различните панели Eclipse, додека бројот на независни групи што ги нуди Eclipse 99 е помеѓу 3 и 16. Со комбинирање на жични и безжични модули за проширување, инсталатерот може да изгради хибридна инсталација. Новиот протокол за безжична комуникација на Телетек Електроникс Beacon+ овозможува беспрекорна интеграција на иновативната палета на безжични уреди PAX.
Серијата контролни панели Eclipse поддржува исто така неколку различни типови на комуникациски уреди. Таа поседува вграден дигитален комуникатор за следење на телефонска линија и дава можност за поврзување на дополнителен LAN или GPRS модул (2G/4G). „Нашите алармни панели Eclipse се исклучително лесни за програмирање. Тие поддржуваат повеќе режими - за програмирање преку компјутер - со помош на нашиот софтвер за програмирање, преку жична тастатура користејќи едно од 3-те менија за програмирање или од далечина - директно преку нашиот облак“, објаснија експертите од Телетек Електроникс.
„Безжичните периферни уреди од серијата PAX го користат усовршениот комуникациски протокол Beacon+, благодарение на кој целосно ги исполнуваат барањата на корисниците за сигурни хибридни алармни системи и на инсталатерите им обезбедуваат ефикасни и лесни за монтажа и штелување системски решенија“, прецизираа уште од компанијата.
PAX WL – модул за проширување за изградба на хибриден алармен систем
PAX WL е безжичен модул за проширување за изградба на хибридни безбедносни системи со жични контролни панели од серијата Eclipse и серијата безжични уреди PAX. „Модулот PAX WL се испорачува монтиран во мала пластична кутија погодна за монтирање на ѕид. Исто така, постои опција за монтирање на плочата на модулот директно во кутијата на контролниот панел Eclipse. PAX WL директно се поврзува кон системската шина на панелот и се додава кон системската конфигурација, слично на сите други уреди од серијата Eclipse“, изјавија од производствената фирма.
Телетек Електроникс
Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А
Телефон: +359 2 969 48 00
E-mail: info@teletek-electronics.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Телетек Електроникс