In Bulgarian In Albanian
Филкаб Солар, дел од групацијата на компании Филкаб, нуди богато портфолио на производи и опрема за изградба на постројки за производство и складирање на електрична енергија од обновливи извори на енергија (ОИЕ). Освен тоа, изработува сеопфатни инженерски решенија во областа на ОИЕ, вклучувајќи: истражување, анализа, планирање, проектирање и консалтинг услуги. Фирмата врши изградба и менаџмент со проекти на фотонапонски паркови, автономни и хибридни системи за сопствена потрошувачка, како и на соларни пумпни системи. „Нашето успешно партнерство со водечки европски производители на фотонапонски модули, соларни инвертори, контролори за полнење и акумулаторски батерии ни овозможува да изградуваме инсталации кои се одликуваат со високиот квалитет на вложените материјали и опрема, долг работен век и високи просечни добивки од единица инсталирана моќ“, коментира од Филкаб Солар за BalkanEngineer.com.
Категоријата „Инвертори“ во каталогот на производи на Филкаб Солар вклучува монофазни и трифазни мрежни инвертори од докажани производители, како и придружни додатоци за автономни и мрежни DC/AC конвертори.
„Помеѓу нашите партнери е и германскиот производител KOSTAL Solar Electric, кој ја прошири својата палета на производи со трифазни мрежни инвертори PIKO CI, со моќност од 30 kW, 50 kW и 60 kW. Благодарение на широкиот дијапазон на влезниот напон и вградените заштити од пренапон, инверторите се погодни за широк опсег на примена. Ние сме и официјален дистрибутер на меѓународната компанија SMA, еден од водечките специјалисти во областа на технолошките и енергетските решенија за фотонапонски системи. SMA разработува иновативни решенија за фотонапонски примени, задоволувајќи ги енергетските потреби на потрошувачи од целиот свет“, информираа од Филкаб Солар.
Без разлика дали станува збор за изградба на фотонапонска постројка за продажба на електрична енергија или систем за сопствена потрошувачка, вградените комуникациски интерфејси и бесплатниот пристап до KOSTAL Solar Portal овозможуваат флексибилни можности за мониторинг и управување. А со додавање на паметниот уред за мерење KOSTAL Smart Energy Meter во приклучното место, можно е лесно да се ограничи враќањето на електричната енергија во дистрибутивната мрежа.
Филкаб Солар ги нуди монофазните мрежни инвертори на SMA од серијата Sunny Boy, со моќност од 1,5 до 5 kW. „Тие со право можат да се дефинираат како одлично решение за мали фотонапонски системи. Благодарение на нивниот широк дијапазон на влезниот напон, универзалноста и флексибилноста во однос на компатибилноста со модулите и малата маса, инверторите од оваа серија се навистина импресивно решение“, објаснија професионалците.
Филкаб – централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, гр. Пловдив 4004, ул. „Коматевско шосе“ бр.92
Телефон: +32 277 171; +32 608 881
E-mail: office@filkab.com
МаккаБ ДООЕЛ
Адреса: Македонија, Визбегово, Јадранска Магистрала бр. 59
Телефон: +2 323 3727; моб. +72 310 300; +71 34 7133
E-mail: office@makkab.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Филкаб Солар (Filkab Solar), KOSTAL Solar Electric, SMA, canva.com