In Bulgarian In Albanian In Romanian In Serbian
Европскиот производител на бојлери и апарати за домаќинство Теси ги објави своите нови производствени планови за линијата на бојлери со голем волумен (БГВ). „Започнавме нов проект со кој целосно ќе го обновиме нашиот капацитет за производство на бојлери со голем волумен. Нашата цел е до 2026 година да можеме да произведуваме 120.000 емајлирани БГВ до 500 литри и 10.000 БГВ со волумен од 800 до 2.000 литри (вкупно емајлирани и баферирани) годишно“, соопштија од компанијата.
Теси си поставува индикативен рок за реализација на проектот од 3 години, а активностите во него се поделени во 4 фази:
-Фаза 1: Нова линија за емајлирање, вклучително хемиско чистење, нанесување и печење;
-Фаза 2: Зголемување на капацитетите за производство на калеми;
-Фаза 3: Нова линија за финална монтажа на БГВ;
-Фаза 4: Нова линија специјализирана само за производство на бафери.
„Проектот ќе се реализира со заеднички усилби на следните оддели: „Производство на БГВ“, „Стратешки инвестициски проекти“, IPDQ и „Менаџмент на производи“, а негов раководител ќе биде нашиот колега Краси Колев. За време на реализацијата на планираните активности ќе произведуваме бафери користејќи ги слободните капацитети на нашата нова фабрика за системи за топлински пумпи, модернизираната линија за емајлирани БГВ и фабриката за електрични бојлери“, објаснија уште од компанијата.
Теси веќе е во процес на изградба на својот најнов објект, фабриката за топлински пумпи во Шумен, која ќе зафаќа изградена површина од 11.500 метри квадратни и ќе вклучува високотехнолошки производствен дел. Во двете главни хали на новата фабрика ќе бидат сместени високо автоматизирани линии за заварување, емајлирање и склопување на котли за вода за термодинамички и електрични бојлери, како и линии за финална монтажа на агрегати за топлински пумпи и термодинамички бојлери. Освен тоа е предвиден магацински систем со високи сталажи со капацитет од околу 4.000 места за палети и 6 рампи за товарење и административно - релакс подрачје на 3 нивоа, во кое ќе бидат сместени робо академија, канцелариски простори со 50 работни места и простор за релаксација за 200 луѓе. Инвестицијата изнесува околу 50 милиони лева, а официјално беше објавена за време на свечената прослава на 30-годишнината од бугарската производствена компанија.
„Нашата одлука за оваа инвестиција е диктирана не само од стратешката позиција на нашата земја, туку и од планираните синергии со другите производствени капацитети на Теси, со цел ефективно да се одговори на експоненцијалната побарувачка на овој вид на производи во Европа“, додадоа уште од бугарската компанија.
Во моментов годишниот производствен капацитет на Теси е 1,5 милиони уреди, а прометот за 2022 година е повеќе од 210 милиони лева. Плановите се веќе оваа година тој да порасне на 300 милиони лева.
Канцеларија во Софија
Адреса: Бугарија, Софија, стр.к 1766, ж.к. Парк Софија, Блок 16 V, канцеларија 2.1, 2 кат
Телефон: +359 2 902 6666
Е-mail: office@tesy.com
Канцеларија во Шумен
Адреса: Бугарија, Шумен, п.к. 9700, бул.Мадара бр.48.
Телефон: +359 54 859 129
Е-mail: office@tesy.com
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Теси (Tesy)