Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Серија Natron на Телетек Електроникс или како безжичните технологии го менуваат „лицето“ на системите за противпожарен аларм

29 july 2024

In Bulgarian In Albanian  In Serbian

 

Интегрирањето на безжичната комуникациска технологија значително го подобрува секој аспект од инсталацијата на системи за противпожарен аларм. Намалувајќи го времето и усилбите на процесот на инсталација, таа не само што ја олеснува работата на инсталатерите, туку и обезбедува сигурно и безбедно решение за објекти каде што окабелувањето е тешко или дури и невозможно. „Серијата Natron на Телетек Електроникс обезбедува интуитивно безжично решение за противпожарен аларм што ја комбинира флексибилноста на безжичната технологија со безбедноста на стандардните системи за противпожарен аларм, обезбедувајќи заштита на највисоко професионално ниво“, информираа за BalkanEngineer.com од етаблираната производствена компанија специјализирана за разработката на висококвалитетни производи за сигнализација и безбедност и противпожарен аларм.

 

 

Благодарение на подобрениот протокол за двонасочна комуникација разработен од Телетек Електроникс, покриеноста на сигналот на уредите од серијата Natron достигнува до импресивните 1,5 километри на отворено, а траењето на батеријата на повеќето производи е до 10 години.

 

Системот за безжичен противпожарен аларм Natron нуди можност за интеграција на сите адресибилни панели кои го поддржуваат протоколот за комуникација TTE. Тоа се остварува со помош на модулот за безжичен мрежен модул (gateway) за адресибилни панели Natron WE-A, кој е директно поврзан и се напојуван од колото. Кон еден адресибилен панел може да се поврзат до 5 безжични модули, а кон секој од нив може да се поврзат до 32 безжични уреди или вкупно до 160 уреди за целиот систем.

 

Интегрирајќи wireless производи од серијата Natron кон системите за противпожарен аларм произведени од Телетек Електроникс, вклучително сите модели на конвенционални MAG панели или адресибилни контролни iRIS панели, се добива хибридно решение со највисока класа на безбедност, сигурност и квалитет.

 

 

Телетек Електроникс

Адреса: Софија 1407, ул.Сребарна 14А

Телефон: +359 2 969 48 00

E-mail: info@teletek-electronics.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

 

Извор на фотографии: Телетек Електроникс

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »