In Bulgarian In Albanian In Serbian
Ексклузивен и патентиран, новиот пумпен систем за зголемување на притисокот на италијанскиот производител Saer се одликува со компактност, висока ефикасност, флексибилност и исклучително бесшумно работење. T-One е потопна електрична пумпа во резервоар од нерѓосувачки челик, која се управува од електронска опрема и може да одржува постојан притисок, независно од потребната количина на проток“, соопшти за BalkanEngineer.com Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.
Засилувачкиот систем T-One е опремен со електронски модул (инвертор) кој одржува постојан притисок. Тој поседува комуникација преку Bluetooth, обезбедувајќи континуитет на услугата додека истовремено заштедува енергија.
Меѓу останатите предности на T-One се:
-Компактни димензии: Благодарение на оптимизираниот дизајн и вградената инсталација, отпаѓа потребата од обезбедување на подот, со што се заштедува простор;
-Енергетска ефикасност: Автоматското регулирање на работата на пумпата ја намалува потрошувачката на енергија, а со тоа и трошоците;
-Модуларност: Во системот е можно да се поврзат до 8 посебни модули за да се одговори на параметрите на соодветната примена;
-Бесшумно работење: Нивото на бучава е само 60 dB.
Системот работи со радијални електрични пумпи Saer NS96 проектирани да обезбедат максимална сигурност при тешки работни услови. Распределбата на притисокот низ целата група се одржува со константна брзина независно од моменталниот проток. Кога во системот се поврзани неколку пумпи, тие се префрлуваат автоматски и динамично. Во случај на дефект на една пумпа, работата се распределува меѓу другите.
Вградените заштитни функции се:
-Аларм за работа на суво;
-Аларм за преоптоварување;
-Аларм за минимален/максимален напон.
-Аларм за прегревање на инверторот.
„Кога ќе се вклучи алармот, типот на сигналот се визуализира на мониторот. Уредот се рестартира неколку пати во однапред одредени временски интервали, но доколку проблемот продолжува, потребна е промена на штелувањата“, додаде уште инж. Георгиев.
Технички карактеристики на засилувачкиот систем T-One:
-Работен флуид: хемиски неагресивен, неабразивен;
-Температура на флуидот: од -15 °C до 35 °C;
-Максимален работен притисок: 10 бари;
-Внатрешна инсталација;
-Температура на околината: од 0 °C до 50 °C;
-Степен на заштита: IP55;
-Ниво на бучава при работа: максимум 60 dBA;
-Максимален проток: 15 m3/h;
-Максимален потисок: 110 m
-Притисок: 3 бари при 15 m3/h.
Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон: +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!
Извор на фотографии: Saer, canva.com