Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Од фарма за јагули преку системи за обратна осмоза до аеродромот во Ереван - NCBK пумпите на Saer обезбедуваат сигурни процеси

12 march 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Едностепените центрифугални пумпи NCBK на италијанскиот производител Saer може да се разгледуваат како универзално пумпно решение со примена во различни сектори. Благодарение на нивната цврста конструкција и опцијата за различни материјали од кои да се изработуваат, тие можат да се користат во голем број на сектори каде што се потребни високи стапки на проток и постојат специфични барања за опремата за пумпање. Затоа во денешниот материјал ќе разгледаме три сосема различни примени на моделот, кои ја докажуваат неговата сеопфатност и сигурност, а за таа цел разговаравме со инж. Александар Георгиев, регионален трговски претставник на Saer Elletropompe за Бугарија, Северна Македонија, Албанија, Косово, Грција и Кипар.

 

 

Првата намена на која се фокусираме е фарма на јагули во Шпанија. Таму се инсталирани 3 NCBK пумпи. Тие вршат континуирана (24/7) циркулација на водата, работејќи на работно место со следните карактеристики: проток: 450 m³/h и потисок: 11 m.

 

„Една од предностите што го прави овој модел префериран за оваа намена се оптимизираните димензии и минималното ниво на вибрации при работа, што е исклучително важно со оглед на фактот дека циркулациониот систем работи континуирано“, објасни инж. Георгиев.

 

Истиот модел на пумпа Saer беше користен и при поправка на системот за собирање на дождовница на меѓународниот аеродром Звартноц во Ереван, Ерменија. За сличен инфраструктурен објект од критично значење, сигурноста на опремата е водечки фактор во нејзиниот избор. Затоа таму се монтирани исто 3 агрегати со посебни мотори со моќност од 75 kW.

 

Освен само со вратило, NCBK пумпите се нудат исто и како целосен модул и како целосен модул со спојка и основа, без мотор. Освен тоа, тие можат да бидат изработени од леано железо, еластично железо, нерѓосувачки челик, бронза, како и супер дуплекс, при што последната варијанта овозможува нивна употреба во системи со морска вода. Имено таква е намената за која зборуваме.

 

„Во инсталација за обратна осмоза во Австралија се користат само 6 пумпи NCBK само со вратило за да го напојува системот со морска вода. Тие работат на работно место со проток од 309 m³/h и потисок од 31 m“, изјави инж. Георгиев.

 

 

Серијата нуди верзија за вертикална инсталација, верзија со ACS сертификат за вода за пиење како и за течности до 120 °C. „Можно е пумпата да се користи и како турбина - т.н PAT верзија. Покрај тоа, таа може да се комбинира со дизел мотори, како и да се изведе со специјални бои и премази. Достапни се и додатоци како предфилтри, инвертор до 18,5 kW и електричен панел“, додаде уште инж. Георгиев.

 

Официјален трговски партнер на Saer за балканските земји е фирма Електра Помп.

 

Инж. Александър Георгиев - Area Sales Manager
Телефон:
 +359 87 673 4516 (Viber, WhatsApp)
Е-пошта: aleksandar.georgiev@saer.it

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Saer, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »