Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Мултиинженеринг е сигурен сопатник на индустријата во транзицијата кон процесна автоматизација

04 december 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian

 

Автоматизацијата на процесите е клучен фактор за развојот, високата продуктивност и конкурентноста на производствените компании. Во свет на динамични промени, бурен технолошки развој и сè повисоки пазарни барања за брзина, квалитет и флексибилност, индустриските претпријатија се свесни дека процесната автоматизација не е само модерен тренд, туку елемент кој ги става темелите на одржливо позиционирање на пазарот.

 

 

„Современите автоматизирани системи нудат решенија за голем број предизвици со кои е соочена индустријата денес. Производствената автоматизација носи значителни предности што може да ја трансформираат економската реалност. На пример, преку интегрирање на автоматизирани производствени линии, компаниите можат значително да ја зголемат својата продуктивност, намалувајќи го времето за изработка на единица производ“, коментираа од докажаната производствена и инженеринг компанија Мултиинженеринг, специјализирана за конструирањето, разработката и имплементацијата на подвижни ленти, транспортери и комплетни транспортни системи во производството.

 

Под терминот „автоматизација на производствените процеси“ не се разбира едноставно замена на човечкиот труд со автоматизирани машини и системи. Во современиот свет, автоматизацијата е еволуција во управувањето на производството, во која клучна улога во оптимизација на решенијата и процесите играат анализата на податоците, вештачката интелигенција и машинската обука.

 

Иновативните технологии за автоматизација на процесите, како што се Интернет на нештата (IoT), вештачката интелигенција (AI) и машинската обука веќе се подостапни од кога било. Тие им овозможуваат на претпријатијата да ги анализираат и оптимизираат производствените операции во реално време и докажано ги зголемуваат ефикасноста и продуктивноста на процесите.

 

Процесната автоматизација може да се гледа не само како решение за намалување на тековните трошоци, туку и како сигурна инвестиција за иден просперитет на компанијата, помагајќи за развојот на нови бизнис модели и насочување кон нови пазарни можности.

 

 

Темели за одржливиот развој на секоја индустриска компанија се како информираноста  за тековните и идните предизвици, така и одговорноста за постојано усовршување. „Освен што нуди технолошки решенија, Мултиинженеринг споделува уште и драгоцено искуство и поддршка во процесите на обука и преквалификација, кои се од суштинско значење за обезбедување на непречена транзиција кон новата ера на производствени активности. Инвестициите во автоматизирани системи и технологии се од стратешко значење, а ние во Мултиинженеринг сме подготвени да бидеме сигурен водич и доверлив партнер во овој процес“, додадоа уште од водечката инженеринг компанија.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1784, бул. „Цариградско шосе“ 72 (БАН-ЦПР, НПО)

Телефон: +359 89 852 3739  

Е-пошта: multiengineering@gmail.com;  office@multiengineering-bg.com

 

Филијала Велико Трново:

Телефон: +359 88 837 2116 

Е-пошта: multiengineering@gmail.comoffice@multiengineering-bg.com

 

Повеќе информации за ЕТ Мултиинженеринг слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Мултиинженеринг

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »