Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Лазатек: прецизните компоненти во машините за глодање на запчаници NEOPS обезбедуваат рентабилно производство

31 march 2024

In Bulgarian  In Serbian  In Albanian

 

Палетата на производи на машините за глодање на запчаници со skiving технологија NEO Power Skiving, или скратено NEOPS, е најновата разработка создадена од тимот на докажаната јужнокорејска компанија YG Tech (Yunil Gear Tech). „Производителите на запчаници за погонски системи можат да имаат корист од силните конкурентски предности на NEOPS200, меѓу кои се достапни за прифатлива цена, имплементирани високи технологии, висока продуктивност и лесно одржување“, соопштија за Инженер.bg од етаблираната компанија Лазатек,  која ги нуди универзалните машини за глодање на запчаници на Yunil Machine на локалниот пазар.

 

 

Можните примени на „скајвинг“ технологијата вклучуваат производство на редуктори со внатрешни или надворешни прави и закосени заби, особено во оние случаи кога постојат барања за лабавоста. Во споредба со традиционалното глодање на запчаници, „скајвинг“ технологијата нуди многу побрзи производствени операции. „Технологијата на NEO Power Skiving овозможува глодање на запчаници со фундаментално нови нивоа на продуктивност и рентабилност. Ова се постигнува благодарение на постојаниот процес во кој алатот за сечење континуирано прави мали засеци, додека традиционалното глодање на запчаниците неизбежно вклучува и операции во празен од, што ја намалува продуктивноста“, објаснија од Лазатек.

 

Палетата NEO Power Skiving го вклучува моделот NEOPS200, кој може да обработува детали со дијаметар до 420 mm (16.535") и да ги глода запчаниците со модул 4 (6.35 DP)., Во машините се користат висококвалитетни компоненти како што се мотори на директен погон за главни и глодачки вретена, CNC управување FANUC 0i MF и прецизни линеарни скали. Важните опционални функции вклучуваат автоматско менување на алатите, отстранување на остатоците, повторно острење на алатите за сечење и автоматско полнење/растоварување на машината.

„Центрите за глодање на запчаници NEOPS200 им нудат на производителите иновативна комбинација на високи технологии и продуктивност по прифатлива цена со гарантирано техничко послужување“, додадоа уште од Лазатек.

 

 

Технички специфики на CNC машините за глодање на запчаници NEOPS200:

-Технологија на „скајвинг“ за глодање на внатрешни и надворешни цилиндрични или спирални запчаници;

-„Скајвинг“  глава за глодање на запчаници со директен погон FANUC® на мотор со вртежен момент;

-CNC управување 0i-MF на FANUC® со 6 оски (опционална можност за 7 оски);

-Дополнителна алатка за автоматска промена на алатите;

-Автоматско вчитување на деталите (опција);

 

Висококвалитетни компоненти и конструкција:

-Основа на машината од леано железо за оптимална стабилност и потиснување на вибрациите;

-Висока прецизност, повторливост и контрола на технолошкиот процес со Heidenhain® линеарни скали на X-, Y- и Z оските;

-Систем за автоматско подмачкување со импулсно подмачкување на водилките на машината.

 

Централна канцеларија

Адреса: Бугарија, Софија 1225, населбата Орландовци, улицата "Oвчарски" 22
Телефон: +359 2 936 7261
E-mail: info@lazatec.com

 

 

Извор на фотографии: Лазатек, Yunil

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »