Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Контролерите PLC-200 на Унисист Инженеринг обезбедуваат веб-базиран мониторинг и управување на производствените процеси

10 july 2024

In Bulgarian  In Albanian  In Romanian In Serbian

 

Серијата програмабилни логички контролери PLC-200 на водечката бугарска производствена, инженеринг и трговска фирма Унисист Инженеринг се специјално разработени како за индустриски, така и за домашни потреби. „Тие обезбедуваат прецизно мерење, мониторинг и контрола на процесни големини на лесен за програмирање начин. Преку Wi-Fi конекција тие обезбедуваат можност за веб-базирано програмирање и мониторинг на измерените и пресметаните големини (100 виртуелни позиции)“, информираа за BalkanEngineer.cот од компанијата.

 

 

Технички карактеристики на PLC-200:

-Процесор 32 битен, 240 MHz;

-Комуникациски LAN, WiFi – 2,4 GHz. надворешна антена;

-Напон за напојување 24 VDC или преку PoE;

-Потрошувачка од 5 до 20 W во зависност од оптоварувањето;

-Складирање на податоци – микро SD картичка од 32 GB;

-Часовник за реално време со автономна батерија;

-Монтажа – стандардна евро шина DIN TS35 x 7,5

-Степен на заштита IP30;

-Димензии без ожичување X/Y/Z 192/145/60 [mm].

 

Спецификации на PLC-200 на Унисист Инженеринг:

-Можност за автоматско или рачно управување;

-Вграден веб-базиран интерфејс;

-Овозможува конфигурација на сите параметри преку веб-интерфејсот;

-Способност да се создаде семејство на мнемонички шеми;

-Поддршка на виртуелни формули за управување;

-Можност за далечинско ажурирање на софтверот;

-Јазици – повеќејазично мени со четири или повеќе јазици.

 

 

PLC-200 користи стандарден веб-прелистувач инсталиран на компјутер или мобилен уред како лаптоп, таблет или телефон. Целосно е компатибилен со најновите верзии на популарните прелистувачи Chrome, Firefox, Opera и Safari инсталирани на десктоп или мобилни уреди. Дополнително, овозможува генерирање на мнемонички шеми за интуитивно набљудување и контрола на параметрите покриени од контролерот и крајни автомати или извршни механизми “, додадоа уште од Унисист Инженеринг 

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com  

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »