Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Историја на успехот: РАИС – иноватор во машиноградбата кој обезбедува атрактивни можности за професионален развој

29 august 2023

In Bulgarian  In Romanian  In Albanian  In Serbian

 

Откријте ги огромните хоризонти на вашите сопствени можности преку професионална реализација во РАИС!

 

Производствената и инженеринг компанија РАИС е неприкосновен лидер во проектирањето и производството на CNC машини во цела Источна Европа. Во компанијата работат околу 120 висококвалификувани инженери и техничари, кои годишно произведуваат и имплементираат повеќе од 140 CNC дребонзи и глодалки, роботизирани комплекси, како и роботи за ракување и заварување во производствените бази на своите клиенти. Компанијата ги започна своите активности уште во далечната 1994 година како производител на CNC машини за сечење на метали. Благодарение на вредната и упорна работа на нејзиниот основач и управител - инж. Нишан Баздигјан, до ден денес решенијата на компанијата се добро познати и преферирани на европските пазари.

 

 

Историјата РАИС: од мало локално производство до меѓународно признаена компанија

 

Од 2009 до 2011 година, беа разработени и пуштени на пазарот дребонг со две вретена, центар со пет вретена и нов модел вертикален центар за обработка со ротациона маса на навалување. И 2012 година е година на роботизација – разработен е роботизиран производствен комплекс на машини, опслужувани од робот. За периодот 2013-2014 година, развојната активност на компанијата е фокусирана на цела палета на центри со 5 оски, а во 2015 година РАИС започна имплементација на роботизирани комплекси, роботи за ракување и заварување во производствените бази на своите клиенти. Во 2016-2017 година, во производството на РАИС беше воведен металопреработувачки комплекс од два дребонзи на РАИС, опслужувани од еден робот, а компанијата добива награда за општествена одговорност врачена од Здружението на претприемачите.

 

Следејќи ја хронолошката линија на развој, во 2019 година РАИС воведува во своето производство машини со пет оски со роботизирани ќелии за полнење, кои се карактеризираат со достапни полуготови производи и подредување на веќе готовите производи. И признанието за ова достигнување не задоцнува - компанијата ја добива наградата „Почесен знак“, доделена од  БСК за роботизирани комплекси со машини за сечење метал. Само една година подоцна, РАИС добива уште една награда - првата награда на Автомобилски кластер Бугарија (AKБ) за локална инвестиција.

 

 

РАИС: Високиот квалитет и специјализираните машини се наша главна цел

 

Учеството на меѓународни изложби за иновации во машиноградбата е традиционално за бугарската компанија. Освен тоа, таа е партнер со универзитети и средни стручни училишта во различни образовни иницијативи.

„Растот на нашата активност на балканскиот и европскиот пазар е директно поврзан со присуството на овластени сервиси, кои на производителите им обезбедуваат не само висококвалитетни решенија, туку и прифатлива првокласна поддршка. Разработката на персонализирани машини според спецификациите на клиентите е нашата карактеристична пазарна предност. Со усовршувањето, постигнуваме не само задоволни клиенти, туку и вработени кои наоѓаат широко поле за изразување на своите можности и идеи“, коментира управителот на РАИС.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: РАИС (RAIS), canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »