Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Дигитални машини и роботи ги демонстрираа предностите на дигитализацијата на штандовите на РАИС за време на MachTech & InnoTech

13 november 2023

In Albanian  In Bulgarian  In Romanian  In  Serbian

 

Овогодинешното издание на MachTech & InnoTech, кое се одржа помеѓу 3 и 6 октомври 2023 година, собра добро етаблирани бугарски и меѓународни компании кои демонстрираа машини, роботи и иновативни технички решенија во Интер Експо Центар - Софија (ИЕЦ). Меѓу нив се истакнаа двата штанда со кои се вклучи на форумот докажаниот бугарски производител на CNC машини РАИС. Тие ги импресионираа посетителите како со нивната визија, така и со конструктивната атмосфера на нив. Едниот беше целосно посветен на CNC машините од сопствено производство и иновациите во машините на долгогодишните партнери на РАИС – фирмите Citizen Machinery Miyano и Takisawa. Другиот се фокусираше на автоматизацијата и роботизацијата на производствата, презентирајќи ја функционалноста и предностите на работата со робот во комплекс со CNC машина.

 

 

„Нашата одлука да учествуваме со втор штанд на саемот потекна од нашата желба да нагласиме дека роботизацијата е посебен сегмент од нашата активност, во која гледаме огромен потенцијал и постојано се развиваме“, коментира инженер Артин Баздигјан.

 

РАИС претстави како бестселери од својот каталог на производи, така и машини од портфолиото на светски познати брендови, на кои компанијата е официјален застапник за Бугарија и дел од балканските земји. Таа произведува машини за глодање и дребонзи, центри со три и пет оски, хоризонтални центри за обработка, дребонзи со едно вретено и две вретена, со можност за опремување на машините со робот и станица за палети. Од нив беа изложени центар со три оски М500 и дребонг со две вретена со една револвер - глава T202-2S. „Од машините на нашиот јапонски партнер Takisawa, ви ја претставуваме новата генерација на високопрецизен дребонг центар  LX-2500, кој се одликува со исклучива прецизност во различни температурни средини. На нашиот штанд посетителите имаат можност одблиску да се запознаат со обновениот швајцарски дребонг Citizen B12, како и со новите подобрувања на дребонгот Miyano BNE 51 SY“, раскажаа од тимот на РАИС.

 

 

Роботизацијата - фокус во активноста на компанијата

 

Присуството на два штанда за време на овогодинешното издание на MashTech & InnoTech има за цел да ја истакне роботизацијата како посебен сегмент од активноста на РАИС. На вториот штанд беа претставени два роботизирани кафези. Првиот од нив беше на Top Automazioni, официјален партнер на РАИС. Карактеристично за него беше дека две колички влегуваат во станица за утовар, едната работи со роботот, а другата е приспособена за рачно товарење и истовар од оператор. Секоја количка има капацитет до 280 детали. Втората станица беше со бренд RAIS и се одликува со лесно штелување, соработка, способност за работа во отворена средина, т.е. без потреба од безбедносни огради, како и лесно преместување од машина на машина.

 

Адреса: Бугаријау, Пазарџик ул.Димчо Дебељанов 58, 

Телефон: +34 444 255

E-mail: info@raisbg.com

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Инженер.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 december 2024Унисист Инженеринг со коментар за регулаторната рамка за изградба на паметни системи за мерење

    Дефинирано во чл. 2, точка 28 од Директивата за енергетска ефикасност (2012/27/ЕУ), „паметен систем за мерење“ значи електронски систем кој може да ја мери потрошувачката на енергија како и да пренесува и прима податоци преку форма на електронска комуникација, обезбедувајќи повеќе информации од традиционалниот мерен инструмент. За да се охрабрат инвестициите потребни за проектирањето, интеграцијата и развојот на паметните мрежи, Европскиот парламент ја забележува потребата од создавање на стабилна регулаторна рамка.

  • 18 december 2024МаккаБ, дел од групацијата на Филкаб, отвори голема магацинска и административна база во Скопје

    На 27 ноември 2024 година се одржа свеченото отворање на новиот современ административен и магацински објект со обемен изложбен салон на македонската трговска компанија МаккаБ, дел од структурата на Филкаб АД. Тој се наоѓа во индустриската зона Визбегово, град Скопје, Република Северна Македонија.

  • 17 december 2024Котелска инсталација од Hoval обезбедува удобно греење во амблематичната Дунавска кула во Виена

    Околу 420.000 посетители годишно, во просек шест понуди за брак неделно, вечера во ресторан на 170 метри над земјата со панорамски поглед од 360° и повеќе, и уште и уште. Да, Дунавската кула во Виена е вистински магнет за туристите и признаено ремек-дело на архитектонската и инженерската мисла од 60-тите години на минатиот век. Со функција како кула за набљудување и радио - кула и височина од забележливи 252 метри, таа се рангира меѓу највисоките и амблематични градби во Австрија.

  • 17 december 2024Два дребонзи со робот и палетна станица на РАИС овозможуваат прецизна обработка на детали со различни димензии и должини

    Веќе три децении фирма РАИС е докажан лидер на Балканот и Европа во производството на машини со CNC, алати и опрема за различни индустриски сектори. Производствениот каталог на производителот, чии капацитети се во град Пазарџик, обединува различни видови CNC глодалки и дребонзи, хоризонтални центри за обработка, центри со три оски, центри со пет оски, дребонзи со едно вретено и две вретена. Меѓу разработените решенија на компанијата е апликација која вклучува два дребонзи RAIS T250 со робот и палетна станица.

  • 17 december 2024Бетелгиус од Месоманија: Покажавме голем дел од нашето портфолио, вклучително и нашиот кобот

    Бетелгиус е докажана компанија специјализирана за обезбедување на целосни решенија за примарно и секундарно кодирање, маркирање, етикетирање, пакување и автоматизација. „На саемот Месоманија 2024 во Софија, Бугарија, претставивме значаен дел од нашата производствена палета, ставајќи акцент на нашите автоматизирани системи. Ги демонстриравме исто така и нашите машини за поставување на фолија, печатачи за етикети, мобилни терминали и инк-џет печатачи. „Очекувано, најголем интерес предизвика нашиот индустриски робот Stackbot“, споделија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 16 december 2024Филкаб Солар:Решението Sunny Home Manager 2.0 на SMA ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија од PV

    Sunny Home Manager 2.0 е интелигентен енергетски менаџер разработен од водечкиот производител на фотонапонска опрема SMA. Неговата намена е да ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија произведена од фотоволтаици во домот, подобрувајќи ја сопствената потрошувачка на PV и значително намалувајќи ги трошоците за електрична енергија. За постигнувањето на оваа цел, уредот ја мери моќта на генерирање на електрична енергија од сонцето, купената електрична енергија, како и напојувањето од мрежата, а потоа ги анализира и визуелизира енергетските текови во домаќинството.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »